Анализа на Форбс: Украина нема никакви шанси за победа во вojна против Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Застарената артилерија, на која се потпира Киев, не може да ја заштити Украина во случај на хипотетички напад од Русија, пишува „Форбс“.
Според експертот на Форбс, Дејвид Екс, повикувајќи се на официјални документи, украинската армија, која има 145.000 војници, е опремена со моќен артилериски арсенал и има најмалку 1.800 топови и повеќецевни ракетни фрлачи, но тоа оружје е застарено.
Новинарот забележал дека голем број оружје има потреба од ремонт, а покрај тоа има недостиг од муниција.
Без оглед на тоа што Украина наследи голема инфраструктура за производство и складирање на оружје по распадот на СССР, недостатокот на финансиски средства ја врати оваа гранка назад, што стана јасно на почетокот на кризата во 2014 година, додаде Екс.

Експертот заклучи дека армијата на Украина во моментов е способна да се бори само во војна со низок интензитет, додека не може да очекува победа во случај на конфликт со руската армија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This