АНАЛИЗА: Ќе се претвори ли вербалната војна помеѓу Русија и САД во вистинска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прашањето над сите прашања на денешницата се како ќе заврши натрупувањето на НАТО војска околу Русија – ќе оди ли таа алијанса кон вооружен судир или преку ѕвецкањето со оружје ќе го замени со разговори. Запад има намера понатму да ја капитализира технолошката, финансиската и воената предност која ја има над Русија. Меѓутоа, и Русија не спие

Антируската реторика на Западот се интензивира, а непријателските активности на границата на Русија се активираат. Со овие зборови рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја отвори Конференцијата за меѓународна безбедност во Москва.

Бројките зборуваат во прилог на тие тврдења. Шојгу наведува дека бројот на војници на НАТО во балтичките држави и Полска пораснал на 10.000, а дека бројот на НАТО вежбите исто така пораснал. Исто така, според неговите зборови се подинамични се активностите на воените бродови на НАТО во Балтичкото и Црното море.

Руските ловци од јануари се подигнати повеќе од 25.000 пати за да се пресретнат странски воени авиони кои се заканувале дека ќе го нарушат рускиот воздушен простор, рекол Шојгу.

Современиот свет се наоѓа на крстосница и во него се повеќе се смета на воено решавање на противречностите, вели Шојгу.

„Претензиите на поединечни земји за исклучивост поттикнуваат нова трка во вооружување“, додава тој.

Не може да се порекне дека активностите на НАТО во Источна Европа добиле размери кои се заканувата на светскиот мир. Тоа е едно од најважните прашања на денешницата на која страна крстосницата ќе заврти – дали кон преговори и одржување на мир или кон воена опција и решавање на политички судири.

Тоа е, според зборовите на генерал-мајорот во пензија Митар Ковач, прашање над сите прашања. Ниту креаторите на западната политика, пред се САД и НАТО, не се сигурни до какви резултати нивната политика и стратегија може да доведе, смета тој.

Она што е сигурно е дека, со креирање на линија на судир и криза од Источна Европа до Блискиот исток и распредување на противракетен штит во Полска и Романија, САД немаат искрени намери кон Русија, вели Ковач, бидејќи таму каде што се собира воена сила тука се смета и на воена опција.

„Мислам дека сега во изглед е повеќе воената закана, отколку сериозна намера да се превземат било какви воени активности кон Русија. Нормално дека алтернатива за цивилизираниот свет би бил дијалог, на што Русија стрпливо инсистира и превзема низа на дипломатски мерки да се случи такво сценарио, а тоа би подразбирало дека на терен може да се покаже добра волја за преговор. Тоа значи дека НАТО би требало повремено да врши деескалација и повлекување на воените ефективи долж замислените линии на судир“, вели Ковач.

Аналитичарите кризата во обзир мораат да ја сметаат и економската војна, кои, според зборовите на Ковач, превземаа Велика Британија и САД, преку ЕУ и НАТО, а чија цел е слабеење на економската моќ на Русија, а исто така и медиумската и дипломатска војна против Русија.

Прашањето каде оди светот за воениот аналитичар Александар Радиќ е сериозно, бидејќи Западот и понатаму има намера да ја капитализира технолошката, финансиската и воената предност која ја има над Русија. Меѓутоа, неминовно е, како што вели Радиќ, во еден момент мора да се седни на преговарачка маса.

„Но проценката на водечките сили на Западот е дека Русија со ограничен капацитет се обидува да одржи силно глобално присуство во Сирија, на Балканот и на разни места во светот и да учествува во политичките процеси. Мислам дека Западот сеуште е во процес на потиснување на руското влијание за да се направи преговарачка позиција која ќе биде поволна за западните сили во момент кога ќе се одлучат за тоа да разговараат со Москва“, вели Радиќ.

Меѓутоа, според Радиќ, ниту Москва не губи време. Таа неодамна ги покажа своите аргументи, кои се многу повеќе од само симболи, како испитување на нови балистички ракети, нов противракетен систем за одбрана на Москва, систм кој уништува сателити, набројува Радиќ.

„Пораката е јасна – Русија парите и ресурсите кои ги има ќе ги концентрира во развој на системи кои ги обезвреднуваат најсилните адути на Западот, а тоа се безбедност на сопствената популација и теротирија од евентуален нуклеарен удар, надигрување со американскиот противракетен штит, уништување на сателити и заштита на градовите од проектили лансирани од Западот“, вели Радиќ.

Работите нема да ескалираат во правец на воена конфронтација во појасот на границата на Русија и НАТО, објаснува Александар Гајиќ од белградскиот Институт за европски студии, ниту Америка директно ќе се вмеша во судирот во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп, според Гајиќ, и покрај сите притисоци и ограничувања на кои е изложен, ќе остане верен на предизборните ветувања во обидот за нормализација на односите со Русија.

Меѓутоа, политичките и медиумските судири и судирот на разузнавачките агенции ќе продолжи, а особено ќе продолжат и американските обиди за спречување на реализација на руските стратешки проект на поврзување со ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This