АНАЛИТИЧАРИТЕ ЕДНОГЛАСНИ: Власта купува време пред јавноста за скандалот во Шутка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извештајот од затворот Шутка со коj се поведени 11 дисциплински постапки не требало да го прави директорот на Ѓоко Котевски, смета новинарот Саше Димовски кој вели дека таквиот извештај требало да биде подготвен од страна на Управата за извршување санкции и други релевантни институции, бидејќи самиот директор не е оној кој ја води истрагата, а воедно е и во фаза на оставка.

Иако премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска побараа директорот на зaтвopот за поднесе оставка, сепак тој ќе биде разрешен по завршување на претседателските избори, бидејќи како што велат од Владата, според процедурата, до изборите, тие немале право да назначуваат нови раководни лица. За ваквите тврдења Димовски вели дека се смешни и дека барањето на оставка од Котевски било само начин за СДСМ да си купи време пред јавноста,и да соберат политички поени, а сепак целата вистина да не излезе на виделина.

За состојбите во македонските зaтвopи, критики упатија и аналитичарите Алберт Муслиу и Александар Даштевски кои велат дека со вакви кaзнeно поправни институции, Македонија е далеку од патот за да претендира за членка на европското семејство и дека одговорност за пропустите мора да има. Критики за зaтвopите имаат упатено и од Европската Унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This