АНАЛИТИЧАРИТЕ ЕДНОГЛАСНИ: Цензусот недостижен, тешко ќе се исполни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарите согласни, не веруваат дека ќе има цензус на претстојниот референдум. Новинарот Дарко Јаневски смета дека референдумот нема да успее на чесен начин, и дека е многу веројатно да се очекува полнење на кутиите со цел приближување на бројката на излезност на референдумското изјаснување. Аналитичарот Петар Арсовски пак смета дека во недела можеме да очекуваме дека поголемиот дел од граѓаните ќе излезат и ќе гласаат ЗА Еу и НАТО, и дека бројката евентуално би можела да се доближи до онаа која е предвидена за исполнување на цензусот.

На прашањето дали власта ќе се осмели да ги донесе уставните промени доколку нема цензус в недела, Јаневски вели дека веќе тоа е повеќе од јасно, бидејќи челниците на владината коалиција тоа постојано го пласираат како инфомација во јавноста, знаејќи однапред  дека ценус нема да има. Арсовски пак за евентуалниот ваков чекор вели дека со самото тоа што референдумот бил консултативен, уставните промени мораат да бидат донесени во законодавниот дом, но дека сепак тоа ќе зависи од политичките партии и тоа што тие ќе одлучат да направат.

Според правниците, успешен референдум значи одзив поголем од 50 отсто од запишаните во избирачкиот список, сѐ друго, особено непостигнување на цензусот,според Уставот но и според укажувањата на Венецијанската комисија – едноставно значи неуспешен референдум.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This