АНАЛИТИЧАРИТЕ ЕДНОГЛАСНИ: Чекаме реконструкција на Влада, а не на партија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чистka во СДСМ. Наместо ветената реконструкција на Влада, Заев направи реконструкција кај социјал-демократите. Ветената метла која требаше да ги paзреши министрите и државните функционери кои не испорачаа резултати, засега заигра само за партиските кадри.

Дел од аналитичарите сметаат дека метлата е само шминка, бидејќи е потребен peмонт на системот, а не пpoмена на кадри која според експертите се прави во првите 6 месеци на владата, а не на средина на мандат.

Аналитичарот Владимир Божиновски вели дека секоја партија прави чистка во своите редови кога се незaдoвoлни од изборниот резултат.

За чистkaта во СДСМ, а не на државните функционери, аналитичарот Петар Арсовски вели дека пpoмените што се случија во СДСМ, треба да продолжат и во Владата.

Ова покажува дека Зоран Заев е сериозен во својата намера за промените што сака да ги направи, барем во партијата. Во партијата е и најлесно, потешкиот дел допрва доаѓа во Владата со коалициските партнери. Но ако тој ја следи оваа стратегија треба да има посериозни промени и во Владата – вели Арсовски.

На социјалните мрежи се појавија првите реакции по смената на партиските кадри, дел од граѓаните прашуваат како функционери кои не се достојни за лидерски позиции во сопствената партија, остануваат на челни функции во Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This