АНА-ПАВЛОВСКА ДАНЕВА ,,УДРИ” ПО СВОИТЕ: Предлог за шеснаесетто министерство во државава! Тажно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По највата дека Владата ќе формира ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, истакнатиот член на СДСМ, поранешната пратеничка, поранешниот потпретседател на социјалдемократите, Ана Павловска Данева со критика.

Смета дека е доста со бројот на министерствата. Таа на Фејсбук напиша-

„На македонската државна управа и е потребно намалување на бројот на министерства и министри, а не создавање нови!
Министерство за политички систем- предлог за шеснаесетто министерство во државава! Тажно,“ напиша на Фејсбук, Ана Павловска Данева.

Владата ќе формира ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Формирањето на новото Министерство веќе е ставено на дневен ред на собраниската седница на 14 март, а на комисиска расправа можно е да се најде во среда.

Законот е предлог на пратениците Артан Груби, Џеват Адеми и Ејуп Алими од ДУИ, Зеќир Рамчиловиќ од осумката на ВМРО-ДПМНЕ, Панчо Минов кој излезез од опозициската пратеничка група и Јован Митрески од СДСМ.

Се бараат промени во два закона – Законот за Владата и Законот за организација и работа на органите на државната управа. Во образложението на предлогот пишува дека ќе бидат потребни дополнителни финансиски средства, но не се наведува колку.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This