April 19, 2024, 12:49 pm

АНГЕЛКОВСКА: Со субвенцијата на придонесите за зголемување на платите ќе се подобри продуктивноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со ребалансот на буџетот се алоцираат 400 милиони денари за реализација на оваа мерка до крајот на годината, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на комисиската расправа на ребалансот на буџетот во Собрание.

Со спроведувањето на мерката за субвенција на придонесите за покачувањето на платите на вработените во приватниот сектор ќе се подобри продуктивноста во стопанството и тоа од две причини – работодавачите ќе ги задржат квалитетните кадри и второ вработените ќе бидат помотивирани да работат. Со ребалансот на буџетот се алоцираат 400 милиони денари за реализација на оваа мерка до крајот на годината, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на комисиската расправа на ребалансот на буџетот во Собрание.

Таа истакна дека доколку се погледнат индексите на човечки капитал на Светска банка за претходниот период, тие покажуваат дека потенцијалната продуктивност кај нас е 53%, додека кај развиените земји се движи до 80%. Ангеловска рече дека целта на Владата е да постигне поголема продуктивност и дека тоа не е нешто што се менува преку ноќ, туку дека е нешто што треба во континуитет да се работи повеќе години.

– Задача на Владата е да ги адресира овие проблеми и да интевненира каде што е потребно, да ги поддржи. Со мерката за субвенционирање на придонеси за повисоки плати во приватниот сектор се адресира токму продуктивноста, со цел да се мотивираат вработените лица да бидат попродуктивни и да имаат подобар живот, да ги зголемат платите и да се зголеми и потрошувачката. Од друга страна се решава и проблемот на бизнис секторот за задржување и мотивирање на кадрите – тука зборуваме за доаставувачот, за вработениот во ресторанот, за ИТ-индустрија, за текстилна индустрија и секаде каде сметаме дека има проблем со продуктивноста. Владата го гледа тој проблем го адресира и затоа еднакви шанси треба да имаат сите. – рече Ангеловска и посочи дека станува збор за мерка која има за цел да креира вистинско покачување на платите во приватниот сектор.
Инаку министерката за финансии во своето експозе истакна дека целта на ребалансот е да се алоцираат средствата онаму каде ќе имаат најголем ефект. Со ребалансот се обезбедува распределбата на поголем дел од јавните приходи кај граѓаните, директно вложување во потребите и потенцијалите на луѓето и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање на нови работни места и исплати на повисоки плати во приватниот сектор и за сите работници, рече Ангеловска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This