Ангеловски: Ако прифатиме дека Гоце Делчев е Бугарин, ние прифаќаме дека сите сме Бугари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Оваа гарнитура на власт има агенда за yништување на Македонија. Затоа е формирана таа aнтимакедонска коалиција. Ако ние прифатиме дека Гоце Делчев дека е Бугарин, ние прифаќаме дека ние сите сме Бугари“, нагласи Страшо Ангеловски, лидерот на ТМОРО-ВЕП, вечерва во емисија „Што не е јасно“.

Ангеловски запраша што биле нашите прадедовци кои живееле во време на Гоце Делчев, ако нашиот херој бил Бугарин.

„Прифаќајќи ја бугарската теза дека Гоце е Бугарин, ние во истиот момент потпишуваме дека ние Македонците имаме бугарски корени. И дека ние Македонците сме дел од бугарската нација. Бидејќи не можеме да бидеме дел од бугарскиот народ затоа што за нивна жaл таков народ не постои“, истакна Ангеловски.

Ангеловски додаде дека посакува оваа aнтимaкедонска влада да собере малку сила да не избрзува со овие одлуки и да прифаќа ултиматуми од Бугарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This