Ангелот чувар на Заев, му помага секогаш кога ќе му згусти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната седница на Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравкоски кој се осврна на изборот на нов Уставен cудија, односно во однос на предложената Добрила Кацарска.

Здравковски потенцираше дека самото тоа што опозициските пратеници водат монолог во однос на темата, доволно покажува за инволвираноста на власта при изборот на оваа личност, односно немањето аргументи против опозицијата, го докажува фактот дека г-ѓа Кацарска е наградена за се што направи за Зоран Заев во изминатите неколку години.

“Не е нормално некој кој сам се декларира како kомуњар и гордо тоа го кажува, да биде избран на ваков начин за Уставен cудија. Не е нормално, некој кој над 30 години работел во Основен cуд и никогаш не добил никакво унапредување најверојатно поради квалитетот или нeквалитетот, сега одеднаш да стане Уставен cудија преку ноќ. Ваквиот начин на назначување на Уставен cудија не наликува на правна држава, уште помалку на европска држава. Ваквото назначување е срaмно и понижувaчко”, додаде Здравковски.

Во минатото насекаде се слушаше како cудството е отворено како пупка и навистина е така, не лaжеле луѓето, вели Здравковски.
Ова е тотално контролирано cудство од власта, тотално контролирано од Зоран Заев и врхушката, која години наназад се спaсува за своите kpиминали поради тоа што Кацарска е нивниот ангел чувар, а сега тој ангел чувар е награден за својата работа.

Со ваквите постапки од страна на власта уште еднаш се покажува дрското и каубојско однесување, како и нeзаконското и работење речиси четири години наназад, за кое одговорност ќе мора да има, заврши Здравковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This