March 29, 2024, 10:52 am

АНГОЛА ДЕМОЛИРАНА ВО МЕЦ: Македонските ракометари пред пласман во осминафинале!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската ракометна репрезентација потешко од предвиденото ја совлада Ангола со 22-31 (9-14) и со втората победа на Светското првенство во Франција, се наоѓа чекор поблиску до пласман во осминафиналето.

sp-france17-rakomet-angola-makedonija-14.01.2017-1788_0

Червар се одлучи да игра со шест ракометари во поле и Колев на голот и да го ризикува Манасков од самиот старт. Мечот го почнавме со три нереализирани напади на нашите момци, пред капитенот Лазаров на истекот на третата минута од натпреварот да погоди од седмерец (0-1).

Дури во 8. минута Ангола го постигна првиот гол, откако Фереира го совлада Колев, кој мечот го почна со три одбрани. Шутерите на Ангола двапати ја пробија нашата одбрана низ средината за 3-4 во 21. минута. Со двата гола на Серџо Лопес во 18. минута Ангола израмни и Червар побара минута одмор.

Георгиевски со лоб и Лазаров со „сув лист“ од казнен удар ни го вратија водството, а честите исклучувања на Африканците пак ни донесоа +2 на пет минути до одморот. Со два супер расположени стрелци Георгиевски и Лазаров на полувреме заминавме со одлични 9-14.

Второто полувреме го почнавме со игра седум на шест и по две технички грешки, Анголците постигнаа два гола на наш празен гол за 11-14. Дури во четврттата минута од вториот дел погоди Стоилов за 12-15.

Со нови два гола на Кире Лазаров, еден од игра и еден од седмерец, пак дојдовме до највисоките +5, а Георгиевски од контранапад погоди за 13-19 во 41 минута. Полека почна тактички да се растура зоната на Ангола и Филип Лазаров погоди за +7 во 44. минута. Мечот влезе во извесни води и младиот Мартин Поповски го постигна првиот гол на шампионатот за 15-24 во 50. минута. На пет минути до крајот на мечот, кога имавме човек помалку, Благојче Трајковски постигна два гола од еден на друг гол. До крајот со штедење на силите и енергијата и цепелинот на Филип Лазаров, Македонија лесно го доби дуелот против Ангола со 22-31.

Во нашата репрезентација најефикасен беше капитенот Кирил Лазаров, кој крај своето име запиша 10 гола, а Гоце Георгиевски го следеше со 5. Лопес со 5 гола беше најдобар стрелец во поразената селекција на Ангола. В понеделник против Словенија, нашата селекција ќе ја има првата меч топка за математичка потврда на местото во осминафиналето.

GOL.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This