March 29, 2024, 11:17 am

АНДОНОВА: Нема да се вратам во репрезентација сѐ додека нема промени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Женската македонска фудбалска репрезентација го одигра својот прв меч по реактивацијата. Но, меѓу оние кои беа на теренот, ја немаше нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова, која остана на ставот дека нема да игра за репрезентацијата се додека не се промени овој стручен штаб.

Македонија моментално е предводена од селекторот Кирил Изов, а на првиот меч со Косово имаше доста промени. Во тимот имаше млади фудбалерки, а фалеа искусните имиња кои во минатото го носеа „црвено-жолтиот“ дрес. Недосасуваа имиња како Милевска, Рочи, Ристовска, Сахити, Сијче Андонова… а тука е и нашата најдобра фудбалерка, со која стапивме во контакт и која директно од Барселона ја образложи целата ситуација.

„Нема да одговарам на повиците на репрезентацијата се додека истата е предводена од актуелниот стручен штаб на чело со Кирил Изов. Стојам на истиот став од претходно, не сакам да бидам дел од таков национален тим. Слично размислуваат и моите постари колешки. Кога одговорните ќе се свестат што се случува во женскиот мак-фудбал и ќе направат промени, тогаш и јас ќе се вратам во националниот тим. А, вака, нема. Се додека нема радикални промени за доброто на женскиот мак-фудбал, нема да ме има и мене“, изјави Андонова за Gol.mk.

Андонова, која игра во врвна форма во дресот на Барселона, за оваа одлука доби поддршка од постарите колешки од репрезентацијата и тие застанаа на нејзина страна. Неготинката има кариера за почит, настапи низ најдобрите клубови во Германија, Шведска, Франција и Шпанија. И тоа како ѝ е потребна на репрезентацијата, но, барем засега, се чека на пронаоѓање на решение за Андонова да се врати во „црвено-жолтиот“ дрес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This