Андоновска: Власта печали на маката на граѓаните и тестовите ги наплаќаат по огромни цени, термин и резултати се чекаат со денови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” гостуваше членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и стоматолог др. Марија Андоновска, која зборуваше за моменталната здравствена ситуација во државата, како и за проблемите кои ги имаат здравствените работници во Република Македонија.

Поразителен е фактот што Република Македонија е осма на листата на најпоразителни бројки по 1 милион жители во светот, а за жал лидери во регионот, вели Андоновска.

Наместо Владата и Министерството за здравство да обезбедат средства граѓаните бесплатно да се тестираат и да се знае реалната бројка на заболени во земјата, со што ќе се одреди пристапот на лекување откако ќе се има реална бројка, тие се уште печалат на маката на граѓаните и тестовите ги наплаќаат по огромни цени.

Андоновска посочи и на моментот дека граѓаните освен што имаат проблем да закажат и да платат тест, уште поголем проблем имаат да ги добијат резултатите од тестирањето, па по неколку денови седат и чекаат резултати и истовремено не знаат дали треба да се лекуваат и како.

“Премногу нелогичности во т.н лекување на заболените пациенти од Ковид-19. Од почетокот на пандемијата па до денеска имаме најмалку 5-6 варијанти на лекување, а ниту една досега не знаеме дека е најефективна. Најпрво услов беше да се добијат два негативни тестови, па потоа да се излезе од самоизолација, а сега граѓаните кои сеуште имаат симптоми после десетиот ден излегуваат надвор и свесно можат да го пренесат вирусот. Тоа е премногу несериозно, но најголем кривец за тоа е Филипче и Комисијата за заразни болести предводена од Караџовски”, истакна Андоновска.

Матичните лекари се оставени на милост и немилост, затоа што тие го трпат притисокот од пациентите, а не се моќни да направат ништо поради лошиот систем на закажување на тестови, како и нивната ефикасност при изработка. Крајно хаотично и несериозно за едно министерство и за самиот Филипче во време на ваква пандемија која секојдневно одзема животи. Филипче мора да поднесе оставка и да одговара, заврши Андоновска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This