Андоновски: СДСМ во својата програма на 245-тата страница ги лажат граѓаните дека преговорите со ЕУ започнале, а Македонија две години го чека датумот како Годо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Датум сеуште нема, иако преговарачката рамка е донесена од страна на Европската комисија. Добро е што и господинот Бојан Маричиќ признава, но треба да објасни зошто тогаш во програмата на СДСМ на 245-тата страна тие велат дека преговорите веќе ги започнале. Тоа е лажење на граѓаните. Оние што се занимаваат со преговорите со ЕУ точно знаат во која фаза сме. Затоа не е убаво да се манипулира со граѓаните и да се кажува дека датум има, датумот е добиен, а ние еве веќе две години го бараме и го чекаме како Годо, изјави советникот за меѓународна политика на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Стефан Андоновски, во вечерашната емисија “Еуро фокус” на Телма телевизија.

Тој додаде дека граѓаните веќе се навикнале на политичкиот фолклор на СДСМ, еуфорично да прославуваат некои настани кои немаат врска со нивното работење.

-Да потсетам на прославата за датум пред две години, а датум сеуште ни денеска нема. Така да, и вчерашното прославување го сфаќаме на тој начин. Иако ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои зад интеграциите на Македонија во ЕУ, сепак вчерашниот настан не треба да биде триумфалистички и да се гледа со таа доза на триумфализам, туку треба да ги засукаме ракавите и да си ја сработиме домашната задача. Дури и вчера имаше некоја бизарно прославување на справувањето на здравствената криза во време кога имавме најмногу починати, па излезе такво видео. Не сакам да славам бидејќи станавме карантин држава, не сме на листата на држави за патување во ЕУ и нашите граѓани неможат да ги искористат придобивките од либерализацијата на визниот режим, рече Андоновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This