Андоновски: СДСМ сака избори во период на пандемија за да може да протнат помал пораз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стефан Андоновски, советник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за надворешна политика во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ рече дека СДСМ саkа избори во период на пандемија затоа што сакаат да има помала излезеност и да може да протнат помал пораз на изборите кога и тие да се одржат.

-За време на референдумот имавме гласање од две и пол секунди по човек. ВМРО-ДПМНЕ алармираше на тоа, ОБСЕ алармираше на тоа. Не сакаме да се случат тие слики и сега, ми се чини дека СДСМ сака во маглата создадена од пандемијата да може да се дозволи гласање за друг, луѓето да гласаат со маска па да не можат да се утврди кој точно гласал, да имаме по две и пол секунди по човек за гласање, тоа астрономско брзо гласање и да ни се случува на мала излезност успеат да протнат помал пораз од кој се надеваат, истакна Андоновски.

Андоновски порача дека кога и да има избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи сериозно и ќе ја формира следната влада во Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This