АНДОНОВ:СЈО и Спасовски сакаат да предизвикаат тензии во МВР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов денеска ја обвини специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека намерно предизвикале тензија во Министерството со вчерашното извршување на две судски наредби за прибавување документи од УБК за истраги кои ги спроведува ова Обвинителство, нарекувајќи го политички партнер на СДСМ.

o-andonov

– Дојдовме до една вистина која веќе подолго време ја гледаме и вчера можевме да ја видиме во една многу грда слика, а се работи за покривање на неспособноста на СЈО, нивната неподготвеност и непрофесионалност  во извршување на  сопствените задачи, како и покривање на недостатокот од аргументи за последните две обвиненија  кои денеска ги претставија и за кој недостаток очигледно сакаат да ја подигнат тензијата во Република Македонија, а особено во МВР, рече Андонов.

Според него, простор за такво нешто воопшто нема оти, како што рече, и УБК и БЈБ и воопшто МВР се подготвени за соработка со СЈО и дека обвинителката Јанева треба да знае што бара и да дојде подготвена за во законски рамки да го добие тоа што сака.

– Никој ништо нема намера да сокрие, напротив, нема да дозволиме да биде загрозена безбедноста на РМ и на граѓаните на Македонија, рече Андонов.

Тој ја обвини Јанева дека во соработка со, како што рече, генералниот секретар на СДСМ, подготвува терен за удар во МВР при што, како што посочи, не води сметка за конфронтацијата помеѓу единиците на Министерството и личната конфронтација меѓу припадниците на различни единици.

Според него, Јанева пред да се појави пред УБК била на средба со министерот Спасовски со цел, како што рече, да креираат натамошни постапки за дезинтеграција  и деструкција во МВР. Додаде дека и обвинителките во СЈО, Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи, исто така, престојувале кај Спасовски од, според него, истите причини, поради што тоа го потврдува уверувањето дека СЈО работи како коалициски партнер на СДСМ, а кабинетот на Спасовски се претворил во партиски штаб.

Во однос на употребата на припадниците на „алфите“ за која, како што кажа директорот на БЈБ, Митко Чавков не бил информиран, смета дека е срамен чин кој потсетува на искуствата во некои соседни држави.

На новинарско прашање тој рече дека очекува денеска или најдоцна утре да бидат издвоени и обезбедени посебните истражни мерки кои ги бара СЈО од УБК, а се согласно судските наредби.

Во однос на тоа дека двете лица кои единствено имале пристап на системот за следење, а не биле присутни во државата, Андонов оцени дека со тоа не е загрозена безбедноста во државата и дека тоа е согласно проценките на УБК.

Тој посочи дека една од причините поради кои се барал стручен пристап во преземањето на материјалите кои влегуваат во посочените наредби е можноста тој да претрпи оштетувања, односно да бидат прекинати дел од започнатите активности ако пристапот е нестручен.

Доколку настанат последици по националната безбедност, Андонов ќе бара одговорноста да ја преземе Катица Јанева и нејзиниот тим.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This