АНИМА МУДНИ СО ОБBИНУBAЊЕ ДО ШИЛЕГОВ: Поради вас е градот преполн со кучиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавноста мора да знае дека не ни се проблем животните – институциите ни се проблем , но нема кој да го санкционира нивното неработење

Анима мунди ги обвини Шилегов и АХВ: Поради вас е градот преполн со кучиња
(фото: Анима мунди)
10 Лајки не можат да ја поправат штетата што им се нанесува на животните, на граѓаните и на градот со запирањето на програмата за масовна стерилизацијата на бездомните животни во Скопје од април, реагира со соопштение здружението Анима мунди.

Тие испраќаат и фотографии и видеоматеријал, со кој илустрираат што значи запирањето на стерилизациите и градската некадарност и ароганција

Aј што градот молчи, туку Агенцијата за храна и ветеринарство како да не постои иако е надлежен орган кој треба да ја процени состојбата во која се наоѓаме и укаже на нејзината сериозност, понуди надминување и да го санкционира Град Скопје, реагира Анима мунди од каде што додаваат дека понудиле помош и барале дозвола за вршење стерилизација, но до АХВ нема одговор.

(фото: Анима мунди)
Прочитајте го мејлот кој е испратен на АХВ и директорот Зоран Атанасов каде нудиме помош во стерилизации на бездомни кучиња, за што бараме дозвола – зошто здруженијата се изложени на притисоци и инспекции доколку стерилизираат бездомни животни. Потенцираме на јавноста – АХВ „мува не ги лази“ и не одговараат на нашите барања да ни се дозволи да вршиме стерилизација на бездомните животни, и тоа сега додека е градот по ова прашање во комплетен колапс. Оваа Монти Пајтон приказна е својствена само во Македонија, за ваквото безредие на Балканот, Европа, сите ни се чудат! За останатиот свет активистите се слика на хумана и цивилизирана Македонија, додека општините и институциите (АХВ) се перцепираат како неспособни, нехумани и корумпирани.

Факти
Секоја нестерилизрана единка во просек раѓа од 16 до 20 кутриња. Да претпоставиме дека половина од родените се исто женки (8 до 10 женки) – веќе од само едно женско куче и потомството создадено во една година имаме 120 до 200 млади, репродуктивно способни единки на улица. Од сто нестерилизирани женки, градот во една година продуцира нови од 12 000 до 20 000 единки на улица. Немањето интерес, знаење, концептисенс продуцира НАЈМАЛКУ 6 000 нови кучиња во Град Скопје за само половина година.

Анима Мунди залудно се обидува да обезбеди помош за животните, за граѓаните, за државата, кога на крај сè е законски оневозможено. Ова треба да го знаат сите оние кои бараат виновник зошто со децении не е решен проблемот со бездомните кучиња. И сите оние кои веруваа во ветувањата дека нешто на добро ќе се промени. Бараме одговорност!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This