Анимираната новогодишна реклама на Audi нè потсетува што нѝ е навистина потребно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што се ближи Божиќ и новогодишните празници, се трудиме да се присетиме што е најважно на овој свет, а тоа секако не се брдото подароци и играчки.

Момчето Томас, јунакот на новогодишната реклама на Audi, добило неочекувано писмо од Дедо Мраз откако изразило желба да добие “син автомобил”. Оваа емотивна реклама покажала која е вистинската суштина на празниците.

Во оваа реклама го гледаме Томас кој влегува во домот, каде родителите му предаваат писмо од Дедо Мраз. Возбуденото дете веднаш трча во собата за да прочита што му порачал Дедо Мраз.

https://www.youtube.com/watch?v=H4qtKb4Dn_0

“Дознав дека си вознемирен бидејќи не ти донесов син автомобил кој толку силно го посакуваше и сега само размислуваш за тоа како би се забавувал со овој подарок. Затоа решив да ти откријам какви авантури те чекаат со подароците кои ти ги оставив под елката”, пишувало во писмото.

Додека тој му открива што сè го чека, детето во својата глава веќе ги замислува сите возбудливи авантури кои ќе ги доживее со новиот велосипед, костумот на суперхерој, новиот меч и другите подароци.

“Најважната работа не е да имаш многу играчки, туку една која најмногу ќе те направи среќен”, заклучил Дедо Мраз. Томас сфатил која е вистинската суштина на Божиќ, а тоа го открил во писмото кое подоцна ѝ го напишал на “Забната самовила”.
Извор:tocka.com.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This