АНКАРА: Населението на Турција надмина 82 милиони жители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Населението на Турција во 2018 година се зголеми за 1 милион 193 илјади и 357 лица во споредба со претходната година, односно се искачи на 82 милиони 3 илјади и 882 жители, пренесува Anadolu Agency (AA).

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти статистиките за Системот за регистрација на населението базирани на адреса во 2018 година.

Според тоа, населението на Турција во 2017 година броело 80 милиони 810 илјади и 525 жители, додека оваа бројка во 2018 година се зголемила за 1 милион 193 илјади 357 лица, односно се зголеми на 82 милиони 3 илјади и 882 лица.

Стапката на машката популација изнесува 50,2 отсто (41 милион 139 илјади и 980 лица), додека стапката на женската популација изнесува 49,8 отсто (40 милиони 863 илјади и 902 лица).

Годишната стапка на пораст на населението во 2017 била 12,4 промили, а оваа бројка во 2018 година се зголемила на 14,7 промили.

Стапката на жителите кои биле резиденти во центарот на провинции и градови во 2017 година изнесувала 92,5 отсто, а оваа стапка во 2018 година се намалила на 92,3 отсто.

Стапката на жителите кои се резиденти во гратчиња и села изнесува 7,7 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This