April 25, 2024, 12:06 am

АНКАРА ПРОФИТИРА ОД КРИЗАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Турција со тројно поголем извоз во Венецуела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извозот на Турција во Венецуела минатата година се зголеми за 223 отсто во споредба со претходната година, односно од 37 милиони и 432 илјади долари се зголеми на 120 милиони и 800 илјади долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите до кои дојде новинарот на АА од податоците на Асоцијацијата на егејски извозници (EİB), Турција во 2017 година реализирала извоз во вредност од 37 милиони и 432 илјади долари во Венецуела.

По политичкото зближување, како и настанатите економски проблеми во Венецуела, Турција во 2018 година го зголеми својот извоз во оваа земја за 223 отсто, односно извозот се зголеми на 120 милиони и 800 илјади долари.

Турција претежно извезе прехранбени производи во Венецеула, каде што има висока инфлација.

На чело на листата најмногу извезени производи се наоѓаат тестенините (27 милиони и 886 илјади дилари), по кои следуваат сончогледово масло (13 милиони и 643 илјади долари), пченично брашно (7 милиони и 860 илјади долари), црвена леќа (5 милиони и 41 илјада долари), пченкарно брашно (1 милион и 546 илјади долари), и шеќер (1 милион и 324 илјади долари).

Мустафа Терџи, претседател на Асоцијацијата на извозници на житни култури, мешунки, маслодајни растенија и производи, во изјава за АА истакна дека зближувањето на претседателите на двете земји директно влијае врз трговијата.

Терџи нагласи дека поради економските проблеми, во Венецуела најмногу постои потреба од прехранбени производи, и дека Турција извезува прехбранбени производи.

„Исто како во случајот на Катар, кога пред неколку години соседните земји вршеа ембарго на оваа земја, ние како Турција ја испруживме нашата рака во овие тешки денови за Венецуела“, рече Терџи.

Според него, турските производи ќе бидат постојано на пазарот на Венецуела поради предноста во цените и квалитетот на производите.

Терџи нагласи дека преку оваа земја сакаат да го зголемат нивниот извоз во другите земји од Јужна Америка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This