March 29, 2024, 10:23 am

АНКЕТА СО ГРАЃАНИТЕ: Власта глува, граѓаните се плашат за својата безбедност поради глутниците кучиња скитници кои напаѓаат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој ден по најмалку еден нов случај на нападнати граѓани од кучиња скитници.

Скопје врие од бездомни кучиња, а граѓаните стравуваат слободно да се шетаат по улиците за да не бидат каснати. Велат, потребно е институциите поажурно да реагираат и конечно да го решат овој проблем. Револтирани се од локалната власт и таткото на градот Петре Шилегов, поради тоталната незаинтересираност.

-Се чувствувам загрозена, одиш, се плашиш, се вртиш. По улица има и дење и ноќе и нон стоп лаат. Мора да се превземе нешто, градоначалникот нека си превземе нешто за граѓаните. Никогаш не било вака со волку кучиња. Страв да ти биде да излезеш надвор, не знаеш од која страна ќе ти налета кучето, само се браниш.

-Не се виновни кучињата скитници, институциите треба поажурно да реагираат и да ги вдомат и да им обезбедат соодветни услови, велат скопјани.

Граѓаните доживеале и непријатни случки од секојдневието, но институциите останале глуви по ова прашање.

-Имавме неколку непријатни случки и не знаевме каде треба да се повика шинтерска служба па пријавивме во полиција, но ни спуштија телефон, раскажува една скопјанка.

Енормно е зголемен и бројот на граѓани кои како последица од каснување на куче завршуваат во болница. Не се безбедни ниту младите, ниту старите, но остава и лоша слика за туристите.

Град Скопје нема направено ништо во насока на стационирање и третирање на кучињата во стационарот Вардариште, кој повеќе е празен отколку исполнет со заловени кучиња.

Наместо да бидат згрижени и соодветно третирани, како што тоа е пракса во другите европски земји, кај нас кучињата во најголем дел остануваат по улиците и плоштадите, без никаква грижа и нега.

-Проблемот треба да го реши Град Скопје како што го решиле другите градови во Европа. Треба да се направат што повеќе прифатилишта и кучињата веднаш ќе ги снема од улиците, а граѓаните ќе бидат безбедни- ете толку е едноставно, но не знам градот со што друго се занимава.

Оние граѓани пак кои чуваат домашни миленичиња, замеруваат и за хигиената на градот.

-Нема никаква грижа околу ѓубрето во градот. Сите ние кои имаме кучиња носиме кеси и изметот го собираме, но погледнете каков лом е во паркчињата од аспект на ѓубре. Град Скопје треба повеќе да ги одржува овие места каде што играат и деца.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This