АНКЕТА СО ЛИДЕРИТЕ НА КОАЛИЦИЈАТА „ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА“: Заев реши со затвореници да менува Устав и име!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва, на прославата на Демократската партија на Ромите која се одржа во хотелот „Континентал“ присуствуваа и лидерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Нашата камера успеа да добие изјави од неколкумина, меѓу кои и од лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски.

Според Јакимовски, покрај „целиот зијан“ кој го трпи Македонија од оваа власт, станува јасно дека судството не работи според законите и принципите, туку по политички нарачки. Додава дека, со нарачаното ослободување на тројцата обвинети пратеници Мукоски, Арнаудов и Василевски се докажува дека во Македонија не постои независно судство.

„Ние видовме дека во Македонија не постои законодавна, судска и извршна власт. Се е извршна власт. Дека обвинителството и судството се во рацете на премиерот и на Владата. За жал, Зоран Заев и тие со него одлучија со затвореници да менуваат устав и да менуваат име на Р.Македонија“ – вели Јакимовски.

„Оставете ги приказните за убавата Европа и НАТО, ако се ова европските вредности – да ги уцените луѓето и да ги приморате да ви гласаат, и практично затвореници да ви го гласаат уставот, јас не сум за такви европски вредности а верувам дека и голем дел од граѓаните на Р.Македонија. Тоа не се вистински вредности“ – додаде лидерот на ГРОМ.

Јакимовски повика да се отвори постапка за да се дознае кои политичари и медиуми земале пари од грчките тајни фондови, за ширење на пропаганда во Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не даде изјава, со објаснување дека со став ќе излезе во текот на утрешниот ден по состанокот на ЦК на партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This