АНКЕТА: Трамп води пред Клинтон

Поврзано

- Advertisement -

- Advertisement -

Републиканскиот кандидат на американските претседателски избори Доналд Трамп, по првпат од мај води во однос на демократскиот кандидат Хилари Клинтон, покажува најновата анкета спроведена за телевизијата Еј-Би-Си и Вашингтон Пост.

Медиумите наведуваат дека ентузијазмот на бирачите за Клинтон е во опаѓање откако ФБИ посебно отвори истрага за електронската пошта која ја испраќала од приватен сервер во време додека била државен секретар на САД. Клинтон е само еден процентен поен зад Трамп, покажуваат податоците од телефонската анкета спроведена од 27 до 30 октомври на случаен примерок од 1,126 бирачи. За Трамп се изјасниле 46 отсто од анкетираните, а за Клинтон 45 отсто.

Иако предноста на Трамп е мала, тоа е значаен резултат со оглед на тоа дека републиканскиот кандидат беше подобар од Клинтон само еднаш од почетокот на трката и тоа за два проценти во мај, но тоа беше во момент кога тој ја освои номинацијата на републиканската партија а Клинтон се уште се бореше со Берни Сандерс за номинација од демократската партија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This