АНКЕТИТЕ ПОКАЖУВААТ: Поранешниот потпретседател Џо Бајден најпопуларен демократски кандидат за претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот потпретседател Џо Бајден е најпосакуваниот демократски кандидат за претседател меѓу афроамериканското население на национално ниво во САД, се дознава од најновата анкета на „Вашингтон Пост” – Ипсос.

Популарноста на Бајден е благодарение на неговите успеси во државничката функција при поранешниот претседател Барак Обама, и убеденоста на овие гласачи дека тој може да го победи актуелниот претседател Доналд Трамп.

Сенаторот Берни Сандерс е на второ место по популарност меѓу афроамериканците во САД и тој води кај црнечкото население под 35 години возраст.

Сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен, е на трето место.

Пит Бутиџич, градоначалник на Саут Бенд, Индијана, води помеѓу белото население во Њу Хемпшир и Ајова, но неговата популарност меѓу црнечкото население на национално ниво е само два отсто, се дознава од најновата анкета на „Вашингтон Пост” – Ипсос.

„Вашингтон Пост” е водечки национален дневен весник во САД. Ипсос е француска консултантска фирма.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This