АНКЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска води пред Пендаровски со 45 до 50 илјади гласови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предноста на Гордана Силјановска-Давкова во однос на Стево Пендаровски е 15% кај Македонците, а во тотал е 5 отсто од вкупниот број на излезени гласачи или во бројка – ќе зависи од излезноста во првиот круг и ќе се движи помеѓу 45.000 до 50.000 гласови,покажале анкетите на ВМРO-ДПМНЕ, кои ги објавува Дојче Веле.

Според анкетите на опозициската партија излезноста на претседателските избори ќе биде меѓу 50 и 55 отсто, односно помеѓу 900.000 и 1 милион гласачи.

По барање на ВМРО-ДПМНЕ досега биле спроведени повеќе испитувања на јавното мислење, и телефонски и теренски, на репрезентативни примероци кои се движат од 1.200 до 2.500 испитаници.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во некои од анкетите се мерел и партискиот рејтинг. Според тие испитувања на јавното мислење предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ изнесува 1,3 % од вкупниот број избирачи, или околу 15.000 гласови, а кај Македонците е 7 % од вкупниот број на избирачи. Тие што изјавиле дека се уште не одлучиле за кого ќе гласаат или се уште не знаат, се околу 20 %.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This