April 24, 2024, 11:56 am

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ЈА ИСПИТУВААТ ИМОТНАТА СОСТОЈБА НА ЗАЕВ, ШЕЌЕРИНСКА, ГРУЕВСКИ, МИЈАЛКОВ И ДРУГИ ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ ОД СЕГАШНАТА И ПОРАНЕШНАТА ВЛАДА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе се испитува имотната состојба на сите актуелни пратеници во Парламентот, членовите на сегашната и минатата влада и раководни лица на јавни претпријатија со државен капитал најави претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во вечерашното гостување во ТВ 24.

Таа потврди дека ќе се испитува имотната сотојба на Заев, Мијалков, Шекеринска, Спасовски, Груевски, Јанкуловска и дурги високи функционери.

„Тоа е до крај на годината Тоа ни е план за работа за испитување на имотната состојба. Таргети ни се актуелни политичари, пратеници, раководни структури“ – потенцираше Ивановска, во емисијата 24 Анализа.

Шефицата на антикорупционерите, Ивановска изјави дека е отворена и постапка за становите на актуелниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов. А најверојатно ќе се отврои и постапка за куќата која ја гради поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски. За случаите за непотизам или судир на интереси при вработувања во државни претрпијатија Ивановска најави дека следната недела ќе излезат со заклучоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This