АНТИКОРУПЦИСКА ДОКАЖА ДЕКА Е ИНСТИТУЦИЈА ШТО РАБОТИ ЗА ЗАЕВ: Нема да ги „чешла“ предизборни вработувања во Водостопанство- и активностите на Град Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

116 нови вработувања се предвидени во АД Водостопанство, преку оглас објавен по распишувањето на претседателските избори. Антикорупциска реши да го одбие приговорот поднесен од опозицијата и да не ги проверува.

Причината поради која Државната комисија за спречување на корупцијата не отвори постапка е оправдувањето на АД Водостопанство, дека овие вработувања биле неопходни.

-Во приговорот се содржани наводи за објавување на јавен оглас на ден 19 март 2019 година, од страна на главниот извршен директор на АД Водостопанство на Република С Македонија

Македонија во државна сопственост Скопје, спротивно на одредбите од Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси за засновање на работен однос на определено време на 116 работници, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Сомнежи отвори и приговорот за објавувањето на јавен оглас за купување велосипеди од страна на Град Скопје. Иако огласот е објавен по распишувањето на изборите, Антикорупциска не отвори истрага, затоа што а парите ќе бидат доделени по завршувањето на целиот процес.

Поради принципот на доделување на ваучерите „прв дојден прв услужен“ решија овој случај да го предадат на Јавното обвинителство, кое ќе треба да провери дали можеби тука станува збор за поткуп пред избори.

-Предлагам во овој случај ДКСК да постапува согласно член 37 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Во став еден од овој член се вели доколку ДКСК или има основа за сомневање за поткуп при избори и гласање, односно за давање ветување подарок или друга корист за себе или за друг за избирач при избори и гласање на референдум, за да гласа или да не гласа или да гласа за одреден кандидат за тоа без одлагање писмено ќе го извести надлежниот јавен обвинител, изјави потпретседателот на ДКСК, Нури Бајрами.

На денешната седница на Антикорупциска на дневен ред беа девет приговори поднесени од страна на опозицијата, одбиени беа осум, од кои еден даден во рацете на обвинителите, додека побарана беше дополнителна документација за уште еден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This