АНТИЌ СО ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ: Главата горе момци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентатиевец кој воедно своевремено беше и капитен на нашата репрезентација, Перо Антиќ се огласи по пат на социјалните мрежи. Причината е настапот на машката ракометна селекција на СП во Германија и Данска. Антиќ на својот профил на „Инстаграм“ сподели стори на кое се Дејан Манасков и Стојанче Стоилов.

Над истото пишува „Глава горе момци“ со што Перо им изразува поддршка по трите последователни порази.

Инак, Македонија не ја мина првата фаза на едно големо натпреварување по цели 20 години од СП во Египет 1999 година. Филип Талески ова го смета за неуспех.

„По подолго време Македонија не ја минува првата фаза на едно големо натпреварување. Тоа мислам дека е еден чекор назад за нас и има за што да жалиме“, изјави вчера тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This