АНТИ-НАТО ПРОТЕСТИ ВО ГЕРМАНИЈА: Германците протестираат против американската армија и операцијата „Атлантик Резолв“ на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД планираат да испратат вкупно 3.300 лица и 2.500 парчиња опрема во Балтичките држави, Полска, Романија, Бугарија и Унгарија за да учествуваат во операцијата “Атлантик Резолв”, чија цел е зајакнување на военото присуство на НАТО во Источна Европа.

Жителите на германската држава Бранденбург организираа протестен митинг против повеќе од 2.000 американски воени возила кои се преселија во Полска преку територијата на државата пред операцијата Атлантик Ресолв.

Покрај жителите на околните градови во Источна Германија, на митингот присуствуваа и претставници на Партијата на левицата, Германската комунистичка партија, како и министерот за труд и социјална политика на Социјалдемократската партија Дијана Голце и шефот на државата Бранденбург, Дитмар Војке.

Говорејќи за Дојче Веле, Голце истакна дека “ние повеикавме на протест бидејќи не сакаме да се навикнеме на овие вежби овде во Бранденбург”.

“Ние не сакавме тие да поминат без опозиција. Мислиме дека ова не е добро време за преместување на војниците на границата меѓу Полска и Русија. Треба да размислиме како да излеземе од оваа спирала на насилна ескалација. Треба да постои дипломатски пат, а не само покажување на сила”, истакна Голце.

Дојче веле, исто така, го цитираше Волтрад Пларе, економистката од градот Лехнин, велејќи дека “чувството кое многу западни Германци не го разбираат е дека Источните Германци велат: Русите никогаш не ни направиле никаква штета”.

“Ние никогаш не ги доживеавме Русите дека имаат лоши намери, а сега се обидуваат да не свртат еден против друг, не е во интерес на германскиот народ, ниту на луѓето на Запад, ниту на Исток. Има други сили кои сакаат да се бориме едни со други “, истакна таа.

Протестот се случи откако портпаролот на владата на Бранденбург, Флориан Енгелс, јасно стави до знаење дека иако “владата на Бранденбуршн во основа има јасна посветеност на НАТО и одговорностите на Алијансата”, потребен е поголем дијалог со Русија, за што Енгелс истакна дека е “вистинскиот пат”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This