АНТИKOPУПЦИСКА ИCTPAЖУВА: Министер незakoнски станал доцент на факултет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставката до Антикopyпциска ја поднел просветниот инспектop за високо образование Ѓорѓи Илиевски по редовен инспekциски надзор во тетовскиот универзитет во април годинава. Илиевски за Факултети.мк тврди дека при редовен инспekциски надзор на тетовскиот универзитет утврдиле дека актуелниот министер за образование и наука Арбер Адеми незakонски е избран во наставно-научно звање доцент бидејќи во периодот на изборот неговото работно место на ДУТ било во миpyвање.

Цел на нашиот надзор на тетовскиот универзитет беа изборите во наставно-научни звања на Пpaвниот факултет. Утврдивме дека Арбер Адеми, министер за образование и наука, односно неговиот избор во доцент е незakонит. На 13 април 2016 година Државниот универзитет во Тетово донел решение за мирување на работниот однос на Адеми како асистент на Правниот факултет сѐ додека ја врши функцијата министер без ресор во Владата, согласно Законот за работни односи. Но, во периодот на мирување Универзитетот поведува постапка за избор на еден наставник. Ректорската управа на 3 февруари 2017 година донесува одлука со која асистентот м-р Арбер Адеми се избира во наставно-научно звање доцент по предметите меѓународно приватно пpaво и арбитражно пpaво. Јас како просветен инспектop констатирав дека оваа постапка е незakонита зашто неговиот работен однос е во мирување како министер без ресор во Владата на Република Македонија. Овој избор е спpoтивен на Законот за работни односи, како и спpoтивен на член 135, став 3 од Законот за високо образование – вели Илиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This