Антиkopyпциска бара истрага за Тодоровиќ и Жерновски поради злoyпотpeба на службената положба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антикорупциската комисија побара од Јавното обвинителство да отвори истрага за злоупотреба на службената положба за поранешните градоначалници на општина Центар – Владимир Тодоровиќ и Андреј Жерновски, како и за раководителите на секторите за урбанизам од општината, градот Скопје и Министертсвото за транспорт од 2012 година. Според ДКСК, овие лица, заедно со планерите и планерската компанија „Билт“, го прекршиле Законот за урбанизам при носењето на Деталниот урбанистички план „Голем ринг“, кој го опфаќа и земјиштето спроти хотелот „Холидеј ин“.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, ДКСК до Јавното обвинителство доставува иницијатива за поведување постапка за кривично гонење службени лица кои со своето постапување, односно непостапување придонеле во 2012 година да се донесе ДУП неусогласен со Генералниот урбанистички план и да се резлизира имотна корист кај сегашните сопственици на парцелата која е дел од од ДУП-от,“ изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Основата за оваа иницијатива за кривично гонење е битката кои дел од граѓаните ја водат со локалните и државните моќници години наназад, истакна Ивановска, и додаде дека на истиот начин се донесени и бројни планови во Општина Центар . Таа најави дека ДКСК понатаму ќе истражува и за останатите планови кои на многу сличен начин биле донесени во тој период односно не биле усогласени со Генералниот план од 2002 година, ниту со тој од 2012 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This