(ФОТО) АНТОНИА ГИГОВСКА НА ЦРВЕНИОТ КИЛИМ: Во „Штарк Арена“ се појави со момчето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред неколку дена во „Штарк Арена“ се одржа второто издание на големите музички награди „МАC“.

„МAC“ ја славеше музиката, а ова случување ги обедини музичките ѕвезди од регионот кои во разни модни елегантни комбинации пристигнаа на црвениот килим во „Штарк Арена“. На доделувањето на наградите присуствуваа многу јавни личности од регионот меѓу кои и Лепа Брена, Јелена Карлеуша, Јелена Розга, Петар Грашо, Влатко Лозаноски, Нина Бадриќ и многу други. И од македонската естрада имаше многу номинирани, но само Лозаноски освои награда за најдобра поп фолк песна „Мајка“, а поп дивата Калиопи ги освои сите овации со моќната интерпретација на „Роѓени“.

Калиопи не освои награда на „MAC“, но доби најголеми овации во „Штарк Арена“

Македонската пејачка Тамара Тодевска се појави во улога на водителка, па наместо микрофонот за пеење, овој пат го искористи за најавување и правење интервјуа.

Младата пејачка Антониа Гиговска беше номинирана за најдобар женски вокал, но не ја освои оваа награда. Гиговска на црвениот килим се појави заедно со својот партнер односно Иван Јованов, а парот заедно позираше пред фоторепортерите.

Антониа за оваа прилика одбра бела комбинација односно бели широки панталони во комбинација со топ и сако. Овој стајлинг Гиговска го дополни со патики.

Момчето на Гиговска оваа фотографија ја сподели на својот „Инстаграм“, а истата доби повеќе од 1 000 лајкови.

Под објавата се нижеа само позитивни коментари и тоа: „Холивуд“, „Убавини“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This