Антонио Милошоски ги кани ЕУ и ОБСЕ да видат кој е моќникот во „Моќник“ меѓу сведоците на Фатиме Фетаи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Домашни и странски експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ се очекува напролет да почнат мониторинг на македонски судски случаи на висока корупција, а според најавата на премиерот Зоран Заев годишно би требало да бидат проследени педесетина предмети.

Пратеникот Антонио Милошоски, еден од обвинетите во случајот „Моќник“ веќе ги известил и ги покани овој предмет да го следат „Коалицијата за правично судење”, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на ЕУ, со цел самите да се уверат, како што вели, дека се работи за арбитрарен, правно неоснован и политички мотивиран случај.

Тој за Плусинфо ја коментира најавата за европскиот мониторинг на судските предмети во Македонија, прва држава во регионот каде што ќе се спроведе правен надзор.

– Тоа што Македонија ќе биде првата земја во регионот каде стручни правни лица од ОБСЕ и ЕУ ќе мониторираат судски случаи од висок профил, не е за пофалба за државата, туку само потврда дека голем дел од домашната и меѓународната јавност не гледаат со доверба на состојбите во правосудството, а пред се поради доминантното влијание на владата врз една група на обвинители и судии. Но, кога веќе ваквиот правен надзор од ОБСЕ и ЕУ се јавува како нужност во македонскиот систем, тогаш истиот може да биде корисен за зголемување на законитоста и транспарентноста, особено на случаите кои обвинителството ги води претежно заради политички мотиви, а без издржана правна основаност, за каков што го сметам и предметот кој го водат против мене – вели Милошоски.

Станува збор за случајот „Моќник“ за кој утре судијката Ленка Давиткова, закажа судско рочиште, откако претходното не се одржа поради отсуство на обвинети и нивни бранители кои до судот доставиле решенија за изолација поради коронавирусот.

Според Милошоски, актуелната власт преку политичко-обвинителски процеси врши притисок врз политичките противници и наведува неколку причини поради кои токму „Моќник„ е случај кој содржи правни апсурди, па дури и измислен мотив за стореното кривично дело, а поврзано со процесот на лустрацијата. Застапник на обвинението е Фатиме Фетаи, поранешна јавна обвинителка во СЈО.

Одбраната наведува неколку сериозни пропусти во обвинението. Велат дека нема ниту опис на кривичното дело, ни време, ни дејствие на извршување, што поттикнува сомнеж дека станува збор за случај монтиран во политичка кујна, настрана што обвинителниот акт е заснован на материјали кои и самиот Закон за Јавно обвинителсвто ги исклучил како докази.

– Во обвинението нема ниту еден збор со кој се докажува мое учество во дејствија на извршување на кривичните дела кои ми се ставаат на тАнтонио Милошоски ги кани ЕУ и ОБСЕ да видат кој е моќникот во „Моќник“ меѓу сведоците на Фатиме Фетаиовар. Обвинителот не опишал со кои дејствија наводно сум ги извршил кривичните дела „измама и злоупотреба на службената положба, на кој начин, ниту има време и место, ниту пак приложил докази за неговите тврдења, со што сторил повреда на член 321 став 1 точка 2 од Законот за кривична постапка (ЗКП). Правен апсурд во обвинението е тврдењето дека сум довел во заблуда лица (11 советници во општина Македонски Брод) со кои никогаш сум немал никаква лична, правна и деловна комуникација. При тоа овие советници, за кои се тврди дека биле во заблуда, никогаш не иницирале процедура за поништување на правните акти за кои гласале и донеле едногласна одлука – вели Милошоски.

Целиот тексто може да го прочитате ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This