АНТОНИО МИЛОШОСКИ НА ФЕЈСБУК: Нема ни 450.000 да му излезат на референдум ако нема притисоци врз администрација, полиција и школство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, ја коментира изјавата на премиерот Зоран Заев дека референдумсното прашање најверојатно ќе гласи „Дали сте за европската унија и НАТО и за поддршка на Договорот со Грција“.

„Заев имал прашање со кое многу луѓе, со потценувањето на нивната интелегенција, ќе ги мотивира да го бојкотираат наместениот референдум:
Дали се согласувате Република Северна Македонија да си го измени својот Устав, согласно договорот потпишан со Грција, а како услов за сојуз во НАТО и ЕУ, со што се отвараат перспективите за загарантирана стабилност, силен економски развој, праведно судство, кариерни перспективи во приватниот сектор, високи плати за лекарите, силно образование, зелена нафта на земјоделците и чиста животна средина?
© ЗА / ПРОТИВ / БОЈКОТИРАМ!!!
– нема ни 450.000 гласачи да му излезат без притисоци врз администрацијата, полицијата и школството!“

-Народот убеден сум дека ќе биде за договорот со Грција затоа што прашањето веројатно ќе биде „Дали сте за европската унија и НАТО и за поддршка на Договорот со Грција“, веројатно во тој правец ќе биде затоа што, кај нас едно со друго е поврзано и во таков аспект, граѓаните кога ќе дадот својот глас, политичарите, владата, парламентот, претседателот на државата сме должни да го почитуваме. Или прашањето можеби ќе биде дали сте за Европската унија и НАТО, поддржувајќи го името Република Северна Македонија“, заради тоа што тоа е договорот. Верувам дека граѓаните ќе бидат целосно позитивни, објаснува Заев за ЕРТ и вели дека референдумското прашање сите политичари и власта и опозицијата и претседателот Иванов ќе ги стави во позиција да ги послушаат граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This