АНЃУШЕВ ГИ ОБВИНИ НОВИНАРИТЕ:Новинарите прават раздор во владиниот економски тим

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не се работи за раздор во Владата, туку медиумите некоректно ја пренеле изјавата. Вицепремиерот Анѓушев вака се оправда откако пред неколку дена се изјасни дека прагот од илјада евра над кој ќе се плаќа 18% персоналец, кој за министерот Тевдовски е прифатлив, за него е пренизок, односно посочи дека математички треба да се пресмета колкав би бил ефектот од овој потег. Сега вели дека ќе ги почека конечните анализи.


Фер е оние што заработуваат повеќе од другите да плаќаат поголем данок – ова е ставот на премиерот околу воведувањето на прогресивен персонален данок. Откако министрите Тевдовски и Анѓушев излегоа со различни ставови околу прагот над кој ќе се плаќа 18 отсто персоналец, премиерот вели дека дебатата допрва ќе почне, па прерано е да се коментира кое е вистинското решение. Според него, оправдан е стравот, особено на ИКТ секторот дека ќе останат без кадар ако се зголеми данокот, но вели дека Владата предвидела начини за помош на овие фирми.
Програмерите остро реагираа на предлогот за зголемување на персоналецот. Велат, ако се воведе ова, информатичарите ќе немаат никаква желба да останат да работат во Македонија. 6 илјади информатичари ја напуштиле земјава, па затоа за нив ова решение е погубно. Тврдат дека кај нив нема плаќање во кеш, па повисокиот данок, повторно ќе ја развие сивата економија во секторот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This