АНЃУШЕВ ИТНО ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА : Анѓушев потврди дека ја користи функцијата вицепремиер за влијание врз тендерски постапки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кочо Анѓушев јавно призна дека ја злоупотребил својата службена положба. Во обид да се заштити од критиките на јавноста дека истиот не влијаел на добивање на тендерот на ЕЛЕМ за неговата фирма „Фероинвест“ Анѓушев јавно призна дека влијаеле истата да не го добие тендерот, истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека Анѓушев потврдил дека ја користи функцијата вицепремиер во владата на Република Македонија за влијание врз тендерските постапки распишани од државните претпријатија на начин како тој ќе посака.

-Кочо Анѓушев дополнително јавно призна дека управителите во неговите фирми се само статисти, а тој е оној кој одлучува за бизнис зделките на  неговите фирми, и дали ќе го добијат или не тендерот од државата. Кочо Анѓушев ги потврди тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека во постапката во која „Фероинвест“ се јави како понудувач, а ЕЛЕМ како корисник на услуги има судир на интереси, бидејќи фактор на одлучување и кај двете страни е Анѓушев, нагласува тој.

Според Стојаноски, Анѓушев потврди дека ја злоупотребил својата службена положба. И дека истата може да ја искористи по своја волја.

Граѓаните се фрапирани од изјавата на Анѓушев дека истиот влијаел во која насока да заврши тендерот на ЕЛЕМ. Ова е директно признание дека претставниците на власта можат да влијаат врз тендерските постапки, а исходот од истите да биде по нивна волја. Анѓушев треба веднаш да си поднесе оставка на позицијата вицепремиер. ВМРО-ДПМНЕ го повикува надлежното Јавно обвинителство, да ги истражи фактите во случајот, врз основа на признанието на Анѓушев и да утврди кривична одговорност, за сите инволвирани. Ова е злоупотреба на функцијата од најголем вид. Граѓаните го гледаат неодговорниот и криминоген однос на СДС и ќе го казнат ваквото однесување на претстојните локални избори на 15-ти октомври, вели Стојаноски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This