March 29, 2024, 12:17 am

АНЃУШЕВ KOHТРА АНГЕЛОВСКА: Вицепремиерот не се согласува со предлогот на министерката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот Анѓушев смета дека каматите на штедните влогови треба да се даночат, а оданочувањето на капиталните добивки да се пpoлонгира. Вели дека македонската берза е млада и треба да се остави простор таа да се развива. Но што точно ќе биде предмет на оданочување допрва ќе се разглеудва.

Од опозицијата, пак, сметаат дека дека не треба да се правата турбуленции во даночната политика.

Министерката за финансии Ангеловска, од друга страна, пред неколку дена изјави дека по барање на комисијата за хартии од вредност и берзите се разгледува опцијата плаќањето данок на остварената добивка од дивиденда како и на каматите кои граѓаните ги добиваат од зaштедите во банките, да биде одложено.

Оваа новина беше донесена во 2018 година кога министер за финансии беше Драган Тевдовски. Со мерката која треба да стартува од следната година се предвидува граѓниите да плаќаат данок од 15 отсто за дивиденди и зaштеди во банки ако нивната камата годишно надмине 15 илјади денари.

На оданочувањето ан капиталните добивки неколку пати реагираа берзанските работници, со образложение дека со тоа македонската берза која и онака е кревка ќе почне да тоне.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This