АНЃУШЕВ СЕ НАЛУТИ: Ако толку ви смета, моите фирми нема да аплицираат за грантови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фирмите во кои како косопственик се појавува вицепремиерот Кочо Анѓушев ги повлекле апликациите од Планот за економски раст, не затоа што имало конфликт на интереси, туку поради сензитивноста на јавноста, рече денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања.

-Апсолутно нема конфликт на интереси и нема никакво заобиколување на законот. Ние престанавме да делиме пари зад затворени врати и во класифицирани договори. Тие се сега вклучени во закон и компаниите кои го задоволуваат законот имаат право да аплицираат. Компаниите во кои сум јас сопственик, се повлекоа, не поради тоа што има конфликт на интереси, туку поради тоа што по долг период сензитивноста во јавноста е голема. Јас имам разбирање за таа работа и точно тоа и го објаснив. Но, јас денес зборувам за индустриски раст. Не се битни две компании. Ако тие се проблем, нема да аплицираат, рече вицепремиерот.

Анѓушев рече дека треба да се гледа што е добро за целокупната економија, а бројките за индустрискиот раст во првата половина од годината покажуваат дека економијата заживува. Според статистичките податоци, во првата половина од годината индустрискиот раст е за 5 отсто поголем во однос на истиот период лани, а индустрискиот раст во јуни оваа година споредено со јуни 2017 година изнесува 12,1 отсто.

-Овие бројки покажуваат дека практично стопанството мерките ги има препознаено, дека инвестициониот циклус е отпочнат. Јас сум длабоко убеден дека по успешниот референдум и задвижувањето на нашиот процес кон евроатлантските интеграции тоа само ќе биде со поголем интензитет и ќе биде позначително. Мислам дека сите ние денес треба да сфатиме во кој правец оди Македонија и треба тој воз и тој бран да го фатиме и да обезбедиме за идните генерации во државата една поизвесна перспективна иднина, рече Анѓушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This