April 20, 2024, 12:34 pm

АНЃУШЕВ СО БОДИГАРДИ ОКОЛУ НЕГО И СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СЛАЃАНА ТАСЕВА: Кочо Анѓушев ми се закани, ќе тужам, ќе одам до крај, знаеш ли кој сум јас?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анѓушев се закани: ќе одам до крај, ќе те тужам, знаеш ли кој сум јас, јас сум најмладиот доктор на науки! Сето тоа со агресија, ароганција, и со неговиот бодигард до него, на приемот на Британскиот амбасадор.

Јас такво закана и агресивност не сум доживеала ниту во Авганистан каде некои од луѓето во власта се воени лордови. Тие што синока стоеја до мене останаа шокирани! Ова ли е владата за која одевме по улиците

Очигледно случајот Фени и мониторингот над стечајот што е во тек, вознемири многумина, а најмногу именуваниот. Постојано бара да гледаме што било пред тоа, односно кој крадел порано, а не што се прави сега.

Господа, криминалот и работењето пред стечајот нека го истражат и докажат институциите. Ние правиме мониторинг на тоа како се води стечајот денеска. А таму има проблем, стечајот НЕ се води добро.

И затоа има паника.

Ова го напиша на својот ФБ профил, Слаѓана Тасева, претседателка на “Транспаренси Интернешенел“ за Македонија.

Таа пред неколку дена објави дека мониторингот за стечајната постапка на Фени покажал бројни неправилности.

Истражувањето покажало дека непозната компанија добила тендер за обработка на никел, но не е познато кој го потпишал договорот во нивно име. Организацијата ги обвинува стечајниот управник и стечајниот судија за корупција, поради што е покрената и тужба против нив, објави тогаш Тасева. Истрагата е покрената по претставка од фирмата “Cunico Resources”, кои тврдат дека вицепремиерот Кочо Анѓушев вмешал прсти во нелегален бизнис на компанијата.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This