March 29, 2024, 12:27 pm

АПАСИЕВ ЈА ПРОМЕНИЛ БРАВАТА ВО „ЛЕВИЦА“: „Сороспиите“ биле како чавки и секогаш нaпaѓaле во јато – по што ја сменил бравата во штабот на „Левица“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Расколот во партијата Левица се продлабочува, па од неодамна формирана е и нова фејсбук страна, паралелна со веќе постоечката, за која Димитар Апасиев обвини дека била киднапирана од мала структура во партијата. Левица е сега поделена на две крила, едното предводено од Димитар Апасиев, а другото од Здравко Савевски, пренесува „Фокус“

 

И двете крила со слични меѓусебни обвинувања. Савевски го обвинува Апасиев дека сака да ја претвори Левица во сателит на ВМРО-ДПМНЕ, додека од крилото на Апасиев велат дека обвинувањата се „ништо повеќе од евтин обид да се подрие борбата против штетните политики на СДСМ.“ – пишуваат од „Фокус“.

Тиквата изгледа пукнала по Договорот од Преспа и уставните измени. Од тука потекнала поларизацијата во партијата, додаваат од порталот.

Конфликтот уште повеќе го замрсуваат обвинувања и препукувања на членови на Левица преку социјалните мрежи. Па така партиската секретарка, Џејлан Велиу, го обвини Апасиев за мобинг.

На фејсбук таа објави предупредување пред бркање од работа, потпишано од Апасиев, поради незадоволство од нејзиното поведение. При тоа Апасиев и дава на партиската секретарка рок од пет дена да го подобри своето поведение, во спротивно ќе и биде врачен отказ.

„Точно е дека во последните два дена не одам на работа, бидејќи немам пристап до работните простории (официјалната канцеларија), а причина за тоа е нелегалното менување на бравата. Одговорно тврдам дека наведените причини во предупредувањето се лажни и можам да ги демантирам точка по точка. Имено, во случајот се работи за политички пресметувања со неистомислениците. Димитар Апасиев немајќи политички капацитет аргументирано да се бори за ставовите што ги застапува, превзема вакви гнасни и ниски мерки кон оние кои му се спротставија и не дозволија да тој од партијата направи националистичка партија“, напиша Велиу на својот фејсбук профил.

Новата фејсбук страна на Левица, пак, денеска објави дека борбата продолжува. Од крилото на Апасиев потврдија дека бравата била сменета, по негово барање.

„Со цел да се заштити Партијата од координиран удар за нејзино преземање, бравата на канцеларијата беше легално променета (по барање на правниот застапник Д. Апасиев), при што беше констатирано и кражба на архивски материјал! Мора да се потенцира дека изминатиот период беа утврдени и малверзации во финансиското работење, поради што партијата и нејзиниот правен застапник се доведени во ризик да бидат казнети. Бидејќи минатото раководство во неговата опортунистичка борба со политичките неистомисленици не презеде никакви конкретни чекори за анулирање на откриените малверзации, беше иницирана постапка за промена на благајникот, додека не бидат целосно расчистени индициите за неодговорно финансиско работење“, соопштија од таму.

Професорот Димитар Апасиев пак, на својот ФБ профил се пожали дека нападите доаѓале од, како што ги нарече, „сороспиите“, кои напаѓале како чавки – во јато!

Токму поради нападите на неговата партија која во изминатиот период беше предмет на удар во која дел од президиумот се обиде да ја превземе партијата и притоа беа хакирани јавните гласила на Левица на социјалните мрежи

Сороспиите се како ЧАВКИ.Увек напаѓаат у ЈАТО ;)#СамоЈубофЉугенца

Posted by Димитар Апасиев on Tuesday, February 19, 2019

Извор
Фокус.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This