АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ЌЕ ЈА ПPИЈАBИ ВО ПОЛИЦИЈА ОБBИHИТЕЛКАТА ВИЛМА РУСКОВСКА ЗА 3AKAHУВАЧKА СМС ПОРАКА ДО СУДИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелациониот суд Скопје синоќа се дигнал на нозе откако шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска му испратила смс порака на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, со закана дека ќе им отвори финансиска истрага, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во судот.

Официјално од судот не изјавуваат ништо во врска со смс пораката, но САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека за утринава рано веќе бил закажан колегиум. Нашите извори велат дека на колегиумот ќе се договори содржината на пријавата до МВР против Русковска кон тројцата апелациони судии кои ја донеле одлуката за Јанева, со принтскрин од смс пораката, која содржела и недолични зборови.

Револтирана што тројцата судии ја донеле одлуката за домашен притвор на Јанева, Русковска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии.

Од Апелациониот суд велат: „Само нека повели, вратите ѝ се отворени“.

Изворите од Скопска апелација со кои контактиравме ноќеска, по изјавите на Русковска велат дека дека ова е преседан обвинител, кој по дефиниција е странка во постапката, да се заканува на судии и тоа со зборови недолични за функцијата. Особено што оваа странка не е кој било, туку шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Велат – доста е веќе – ако има индиции за поткуп или злоупотреба на судиската функција, треба и тоа како да си постапи тајно, како што бара законот од неа, а најмалку да се заканува на судии со смс пораки и дека ќе покренува финансиски истраги.

„Место зборови и клевети, треба дела. Секако, ако Русковска навистина има докази. Одлуката е согласно законот, долго е размислувана претходно и обвинитекот ако е незадоволна странка, може да се жали пред повисокиот суд“, велат од Апелациониот суд Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This