March 29, 2024, 10:55 am

АПЕЛАЦИЈА ОДЛУЧУВА ЗА ПРИТ ВОРОТ НА ЈАНАКИЕСКИ И БОЖИНОВСКИ: Дали судот ќе ги уважи „фиктивните“ белешки на УБК или исказот од кабинетот на претседателот Иванов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелациониот суд одлучува дали ќе ја укине мерката притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски откако вчера беа одржани јавни седници по нивните поднесени жалби.

Во очекување на тоа дали Апелација ќе донесе одлука според официјалните информации од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов или според фингирана белешка, двајцата притворени вчера пред судот ги кажаа своите аргументи и побараа укинување на притворот.

Јанакиески вчера посочи дека никогаш не побарал средба со претседателот Иванов преку посредник ниту пак имал потреба од тоа. Екс министерот истакна дека лично се познава со претседателот повеќе од 10 години, а додека бил министер во повеќе наврати бил и член на неговата делегација, каде заедно ја промовирале Република Македонија како поволна дестинација за инвестирање, а во негово присуство потпишал повеќе меѓународни билатерални договори.

Тој пред судиите истакна дека бил активно вклучен во текот на двете претседателски изборни кампањи.

-Во 2018 година со Претседателот Иванов сум остварил повеќе средби и истите исклучиво биле закажани преку неговиот кабинет. Покрај службени средби во изминативе десетина години, сме оствариле и приватни средби, а Претседателот во 2010 година беше гостин и на мојата свадба. Последната средба со Претседателот Иванов ја остварив на 13.11.2018 година, во 16 часот со времетраење од 90 минути, кога покрај мене присуствуваа уште 2 лица. Едно од нив беше претставник од претседателскиот кабинет, преку кого беше организирана средбата. Темата на оваа средба воопшто не беше амнестијата, туки Претседателот беше информиран за една иницијатива поврзана со актуелната политичка состојба во Република Македонија, рече вчера Јанакиески.

Божиновски вчера рече дека ги демантира наводите за некаква наводна средба на негов посредник со претседателот Иванов.

-Ниту постои, а ниту постоел било каков посредник, ниту било кого имам пратено на средба и во никој случај со никого немам разговарано за некакви планови за мое бегство. Со претседателот Иванов се познавам долго време, уште од студенските денови на Правниот факултет каде што ми беше професор, како и подоцна за време на обавувањето на државната функција во текот на годините. Доколку сум сакал и доколку би имал некаква потреба, лично би закажал средба и би се видел со претседателот Иванов, како што веќе имам остварено повеќе средби во минатото, и нема никаква причина да праќам некаков посредник, вели Божиновски.

Одбраната на Јанакиески и Божиновски вчера истакна дека службената белешка врз основа на која им е одреден притвор  е лажна, а потврди и самиот претседател на Иванов, кој се споменува во белешката.

Во двете решенија, во белешката од УБК, стои дека средбата со претседателот Иванов била остварена преку посредник, иницијатор на средбата со претседателот на Република Македонија бил Миле Јанакиески, односно Кирил Божиновски, дека ги имале истите барања, дека ги имаат истите банкарски сметки во странство и дека се подготвуваат за истото бегство.

На средба со претседателот на Република Македонија бил Миле Јанакиески, кој закажал телефонски, како што потврди и Кабинетот на претседателот. Кирил Божиновски немал средба со Иванов, а тоа го потврди и Кабинетот на Иванов.

-Ја информираме јавноста дека ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК, класифицирана „строго доверливо”, а која е основ за определување на мерката притвор. Миле Јанакиески телефонски побара средба со Претседателот Иванов која е одржана на 13.11.2018 година, вторник во 16:00 часот во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. На средбата, воопшто не беа дискутирани темите амнестија, на која се повикува судот во решението за притвор, која е во надлежност на Собранието на Република Македонија, ниту пак темата аболиција, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

-Категорично ги негираме изнесените наводи во службената белешка на УБК и информираме дека ниту е побарана, ниту одржана средба со Кирил Божиновски, ниту со негов посредник. Негираме и дека е остварена средба со посредник на Миле Јанакиески, се вели во второто соопштението од Кабинетот на Иванов.

Оттука, може да се констатира дека службената белешка на која се повикуваат обвинителството и судот е фабрикувана, така што ако се прифати како доказ, кој е непостоечки, се причинува кривично дело.

Јанакиески и Божиновски беа притворени рано утрото околу 5 часот во средата на 14 ноември, веднаш откако беше потврдено дека Никола Груевски се наоѓа во Будимпешта и бара политички азил. Решенијата за притвор се изготвени на брзина, така што решението за притвор на Миле Јанакиески, обвинет во повеќе случаи на СЈО, е ископирано и за Кирил Божиновски, па така и службената белешка е идентична во двете решенија за притвор на што вчера реагираа двајцата обвинети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This