АПЕЛАЦИЈА ОДРЕДИ ПРИТВОРИ: Грујевски, Јакимовски и Бошковски добија притвор, Мијалков останува без пасош

Поврзано

- Advertisement -
Екс началникот на Петтата управа Горан Грујевски, поранешниот функционер во УБК сега директор на меѓународниот центар СЕЛЕК во Романија Тони Јакимовски и Никола Бошковски исто така дел од Управата, им беше одредена мерка притвор по жалбите до Апелација на претходните одлуки за определување на мерка претпазливост – пренесуваат во кусото соопштение на Апелациониот суд
Од Апелација додаваат дека, обвинетите имаат право на жалба која го запира извршувањето на мерката. За поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков пак потврдена е одлуката на Кривичниот суд. Тој останува без пасошот иако вети пред судот дека редовно ќе се јавува на секој повик.
Апелација за одлуките информираше преку кусо соопштение додека во текот на утрешниот ден се очекува да бидат објавени и образложенијата на одлуките – зошто Апелационите судии сметале дека Грујевски, Јакимовски и Бошковски може да бегаат.
- Advertisement -

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This