March 29, 2024, 12:31 pm

АПЕЛАЦИЈА ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ: Али Ахмети и Муса Џафери пак ќе треба да докажуваат клевета

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата по тужбата за клевета и навреда против ексразузнавачот Слободан Богоевски, која ја поднесоа Али Ахмети и Муса Џафери, објави „Макфакс“. Судиите од второстепениот суд предметот со насоки за натамошно постапување го вратиле на повторно судење. Тоа значи дека првите луѓе на ДУИ од почеток во граѓанскиот суд во Скопје ќе мора да докажуваат дека Слободан Богоевски ги наклеветил и дека со тоа им нанел штета на честа и угледот.

Според информациите на „Макфакс“, апелационите судии утврдиле дека првостепениот суд сторил серија повреди на постапката. Констатирале дека фактичката состојба со која е донесена пресудата е нецелосна и дека тужбата на Ахмети и Џафери е нејасна.

Судот не се впуштил, а бил должен да се впушти во утврдување на евентуалната штета предизвикана од наводната клевета. Во решението на тројката судии од скопска Апелација пишува и дека иако тужениот не се согласил со повлеченото тужбено барање за надомест на штета, судот се впуштил во расправа и одлучил без да донесе решение.

Али Ахмети и Муса Џафери го тужат ексразузнавачот Слободан Богоевски за навреда и клевета за неговото сведоштво пред Окружниот суд во Њујорк за случајот „Маѓар Телеком“. Како отштета во овој процес Ахмети побаруваше 3 милиони денари, а Џафери 2,5 милиони денари, но подоцна се откажаа од исплата на паричниот надомест како отштета и бараа извинување.

Според сведочењето на Богоески за Њујоршкиот суд, пак, вкупно 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари, експремиерот Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This