АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да бидеме хумани и да му помогнеме на малиот Филип да ја победи тешката болест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потребна е помош за лекување на Филип Петровски, роден на 31.10.2018 година (3 години). Пред 3 месеци на Филип му беше дијагностиран рак (Rhabdomyosarcoma).

Лекувањето започна во Македонија во август месец, но дијагнозата беше поставена и утврдена во Турција во септември. Според денешните истражувања и терапии, постои можност да се излечат скоро 3 од секое 4-то заболено дете со ваков тип на рак.

„Ова ни дава можност и волја да се надеваме дека и Филип успешно ќе се избори и излечи. Филип моментално се лекува 3 месеци во турската болница “Medical Park”. Иако се поминати веќе 3 месеци, според докторите е утврдено дека Филип треба да ја продолжи терапијата уште најмалку 3 месеци. Моментално трошоците за лекување ги покрива ФЗОМ на Р. Македонија, но поради продолжувањето на третманот сме во неизвесност дали финансирањето ќе биде продолжено. Од таа причина секоја донација е добредојдена“,објаснува семејството.

Донациите може да се префрлат на отворената трансакциска сметка од Halkbank. Трансакциска сметка: 270700067933123 Име: Александар Петровски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This