АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да му помогнеме на Драги!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашиот сакан пријател,брат живее на ивица од животна бездна. Куќата се распаѓа ,а тој болен со тешка ретка болест,хемофилија,соочен со секојдневни болки и крварења мора да се грижи и за својата мајка која исто така е многу болна. Да почитувани пријатели токму во оваа куќа, пишува на Фејсбук страницата посветена на хуманитарната акција.

Драги пак вели:

-Почитувани сакам конкретно да дадам една целосна слика за основни потреби, како што се гледа куќава е очајна ако е можно кој колку може да помогне да имам 2 соби во дворот во средина едно купатило со мал ходник вкупно потребно е 4 врати1 влезна и 3 внатрешни 2 прозора + едно купатилско, веќе керамиди ми донираа сега едно по едно ќе склопуваме,

малку по малку да се симнеме од старава куќа мајка ми е 72 години и навистина тешко е болна јас неможам многу да дигам тешко и онака сум тоталка инвалид имам 3 протези на

двете нозе ама пак се крепиме во функција сум треба уште нови 3 операции да менам уште едно колено протеза и 2 скочни зглоба кои ми се 100% оштетени. Полека но сигурно ќе биде подобро, благодарам на сите.


Секој заслужува повеќе па и нашиот Драги.

Да помогнеме кој колку може .

Со граѓа со тули со цемент со најразлични градежни материјали со една единствена цел .Топол сигурен дом за Драги и баба Аница.Топла зима за нашите сакани .

Ви Благодариме од срце.

Драги Лулевиќ Ул.2 Бр.101 Општина Чучер-Сандево Скопје Телефон: 071 796 247

Телефон Стефан Коцев: 078 412 573

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This