АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МОМО НИКОЛОВСКИ: „Ни треба помош, оти звуците на љубовта не смеат да згаснат!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Животот не бира кога непријатно ќе не изненади и натера да се бориме за него… Животот е чудо кое ни носи радости, тага, но и ситуации во кои мораме да побараме помош бидејќи за животот се работи!
На македонската музичка легенда Момо Николовски му е потребна итна помош поради сериозноста на болеста од која боледува. Колеги на социјалните мрежи апелираат кој е во можност да уплати сума пари на банковната сметка на Момо Николовски, бидејќи му е потребно итно лекување. Исто така, ќе бидат органзиирани хуманитарни концерти, а ќе бидат отворени и донаторски кутии на концертите на кои настапуваат колеги на доајенот на македонската народна музика.

Со емотивна објава на Фејсбук за состојбата со Момо Николовски имаше пост и неговата сопруга Валбурга Батева Николовска:
„ПРОДОЛЖИ ДА ТАНЦУВАШ СО МЕНЕ…
Ова е мојата љубов. Човекот на мојот живот. Моето вечно момче и мојата рајска музика во срцето. Цел живот со неговата песна развеселуваше, но и безброј пати помагаше на луѓе кои беа соочени со животни предизвици. Сега е неговиот ред. Сега е нашиот ред. Ни треба помош, оти звуците на љубовта не смеат да згаснат, сега, кога најмногу си требаме еден на друг. Не сакам да го дадам, нема да го дадам! Неговата топла душа е моето скришно, безбедно место, таму не живее темнината, таму има доволно светлина за сто животи и уште еден. Секогаш бев тука за вас и вие за мене. Барајте ме, вие кои знаете колку го љубам, но и вие другите, кои сакат некого и некој ве сака. Овој филм мора да заврши со среќен крај, со ваша и Божја помош, а во моја режија. Мече мое, судбино моја, продолжи да танцуваш со мене! Јас, ти и музиката…ТЕ САКАМ“.

Апел за помош за лекување на Момо Николовски на Фејсбук побара и музичарот Сашо Ливрински.

АПЕЛ !!!

Почитувани колеги музичари и пријатели на македонската музика,ви се обраќам како долгогодишен соработник на мојот почитуван колега и кум Момо Николовски, на кого во моментов му е потребна нашата несебична помош и поддршка.
Потребни се финансиски средства за негово итно лекување, затоа ве замолувам секој според можностите да помогне донирајќи на следната ж-сметка 300007032927321-Комерцијална банка АД Скопје
За повеќе информации слободно контактирајте ме на телефонот 070 279 769

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This