АПЕЛ ЗА СПАС НА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: „Македонски манифест“ со апел до претседателот Ѓорѓе Иванов!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драги Македонци,

Било каде да сте,  како поединци, или во формални или неформални задруженија,во овие последни драматични денови пред планираното  формално укинување на СÈМАКЕДОНСКО од страна на ВЛАСТА, Македонски манифест ве повикува да го поддржите Апелот упатен до Претседателот на Република Македонија за превземење итни чекори пред ООН за одбрана на Македонското Име!

АПЕЛ

До:

Проф. Д-р Ѓорѓе Иванов,

Претседател на Република Македонија

 

Почитуван  Претседателе,

Поради директна, темелно организирана и сериозна закана од ИДЕНТИТЕТСКИ ГЕНОЦИД на македонскиот народ,  како НОВ, до сега невиден изблик на ФАШИЗАМ,  спротивно на цивилизациските постулати, како и  на меѓународното и националното право, спроведуван од октроираните органи на власта – Владата и Парламентот, со безобѕирно игнорирање на јасно изразената  волја  на македонските граѓани од 2/3 мнозинство,  на сеопштиот Референдум од 30.Септември, 2018. година, а официјално потврдена и од надлежен државен орган, Ние, МАКЕДОНЦИТЕ од Републикава и странство, индивидуално, или организирани во различни неформални и формални здруженија,  Ви се обраќаме Вам, како на единствена Институција, избрана со најголем број гласови на непосредни избори, која е уставно овластена за претставување на Македонија, а оттука, на волјата на македонските граѓани во огромното мнозинство,ИТНО да започнете  официјална, правна процедура пред ООН за одбрана на Името по пат на признавање на Република Македонија под нејзиното ИМЕ,во согласност со принципите на ООН за САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ на народите и  правото на СЕБЕОДБРАНА, како нивно неприкосновено право!

За Македонија, да  нѝ векува!

Тоа е наш заеднички  долг кон татковината, но и кон човештвото и праведноста! 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This