АПСОЛУТНА АРОГАНТНОСТ И БЕЗОБЗИРНОСТ: Штетите од пожарите огромни, застреланото дете се бори за живот, а Заев со министрите на сепаре, фестивали и забави!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се врати ароганцијата во СДСМ. Додека Македонија гори, штетите се огромни, а застреланото дете се бори за живот, премиерот Зоран Заев заедно со министрите ужива на фестивали и забави.

-Струмица уште еднаш покажа дека е отворен дом за Македонија, регионот и светот. Браво за организацијата на СОФ 2017, напиша Заев на Твитер, објавувајќи фотографија на која се наоѓа и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Додека владините министри и директори, на чело со Заев и надлежниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се забавуваат и се сончаат на песочните плажи, граѓаните апелираа и бараа помош со цел спас на шумите и нивните куќи.

ТРАГИЧНА СУДБИНА НА ЗАСТРЕЛАНОТО ДЕТЕ: Родителите на печалба во Словенија, а 16 годишниот Д.Т. на КАРИЛ откако полицијата го застрела

Два дена го нема ниту Оливер Спасовски, ниту кој било од МВР да изрази жалење и да преземе одговорност за бруталното и незаконско однесување на струмичката полиција. Началникот на СВР Струмица ја ужива партиската доверба на Оливер Спасовски и целосно е под негова заштита. Одговорност нема. Ниту од Оливер Спасовски, ниту од началникот на струмичката полиција Пројковски.

-Тоа што зачудува е што нема реакција од родителите на застреланиот Д.Т.. Дали некој им се заканувал или се обидел да ги замолкне на друг начин ? Ова е дилемата која што ни се наметна. Се обидовме да провериме за што станува збор. Преку контакти во Радовиш дознавме дека Д.Т. и родителите живееле во Словенија, каде пред подолг период се заминати на печалба, пишува Инфомакс.

Според информациите на порталот момчето пред неколку дена пристигнало во земјава за да го помине летото тука.

-Според информациите кои ги добивме нема многу другари, ниту блиски роднини. Од МВР нема информации дали му јавиле на семејството што се случило со нивниот син, ниту пак информации дали и кога ќе пристигнат во земјава неговите родители, пишува Инфомакс.

Д.Т. во моментов се уште е приклучен на апарати на КАРИЛ, откако во животно загрозувачка состојба беше пренесен од Струмица за Скопје. Неговиот пријател 17 годишниот А.Ѓ., кој беше застрелан во натколеницата, се уште се наоѓа во струмичката болница откако му беше извршена хируршка интервенција.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This