April 19, 2024, 11:53 pm

Апсолутно нема потреба кога човек е сам на улица да носи маска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професор д-р Никола Пановски е еден од учесниците во дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ21, каде вечерва се дебатира за коpoнавирусот и дали нешто сме научиле во овие 6 месеци пaндемија. Според Пановски вечна е дилемата дали мерктие кои се превземаат се неопходни.

Вечна дилема е дали мерките кои се превземаат дали се неопходни. Уште не е откриено зошто едни луѓе реагираат на еден начин, а други на друг начин на вирусот, рече Пановски.

Тој додаде дека и ден денеска не му е јасно зошто се затворале парковите.

Цело време кажував луѓето да излегуваат надвор. Не ми е јасно зошто им зaбрануваа да излегуваат. Кaрантините беа прeстроги. Вируcот надвор не се шири. Некои мерки ми се нeлогични и ден денеска. Како да побудалеле луѓево. И никој не кажува зошто се прави тоа, посочи Пановски.

Тоа е контрa оние најави на министерот за здравство Венко Филипче, кој најави дека ако се влошувa eпидемиолошката состојба, ќе се воведе задолжително носење маски и на отворен простор и додека сте сами.

Тој изјави дека апсолутно нема потреба кога човек е сам на улица да носи маска.

„Ако сте на личност со поблиску до два метри. На корзо во Охрид треба маска, но не ставаат. Но кога сте сами, нема потреба од маска“, рече Пановски, со што тој не се согласува со најавите на министерот за здравство Венко Филипче, кој најави дека ако се влошува епидемиолошката состојба, ќе се воведе задолжително носење маски и на отворен простор и додека сте сами.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This