April 18, 2024, 12:05 pm

Апceња во повеќе градови ширум Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на изминатото деноноќие неколку лица биле уапсени поради поседување на дрога во Скопје, Кичево и Радовиш.

„На 28.05.2021 на територија на скопската населба Чаир полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога запреле патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблички, управувано од Е.М. (32) од Скопје, кај кого е пронајдена синтетичка дрога амфетамин. Е.М. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.

На 28.05.2021 во 15.30 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај биле лишени од слобода возачот М.М.(26), Ф.А.(31), двајцата од Скопје, А.С.(25) од Пехчево и А.С.(25) од Неготино, кои се превезувале во патничко моторно возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, бидејќи при преглед во возилото била пронајдена марихуана. Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Карпош и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.05.2021 во 19.00 часот на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар во близина на с.Свињиште од полициски службеници од Полициска станица Кичево биле лишени од слобода возачот А.М.(40) и Д.Б.(27) двајцата од Битола, кои се превезувале во патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, бидејќи при преглед во возилото била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.05.2021 во 19.10 часот на бул.Александар Македонски во Радовиш од полициски службеници е лишен од слобода К.Ј.(28) од Радовиш, кој управувал патничко моторно возило „фолксваген бора“ со радовишки регистарски ознаки, бидејќи при претрес кај него и во возилото биле пронајдени прашкаста материја и таблета. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.“ стои во полицискиот билтен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This